spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Започна изградбата на улицата покрај каналот

Василево: Започна изградбата на улицата покрај каналот

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во населеното место Василево, изврши увид во стартот на градежните активности на улицата која води покрај каналот во ова населено место.

Планираните активности вклучуваат обележување и обезбедување на трасата, поставување на нов тампон, асфалтирање како и конструирање на потпорен ѕид.

Должината на улицата е 420 метри а ширината од 3,5 до 5,0 метри во зависностод состојбата и условите на теренот. Улицата започнува од  спојот  со постоечка улица во центарот на Василево, а се протега покрај каналот за наводнување и завршува 420 метри јужно од Василево, на делот од индустриската зона што се протега кон Добрејци и Струмица. Еден дел од улицата е веќе асфалтиран.

Улицата се гради во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка. Буџетот за реализација на овој проект изнесува 3 271 080 денари.  Изведувач на градежните активности е компанијата Ескаватори МК дооел.

 

 

 

 

Извор: Општина Василево 

Прочитајте

УЈП: Контакт Центарот вашата точка за дирекна комуникација

0
Почитувани даночни обврзници, Во контекст на нашата посветеност кон транспарентна и блиска комуникација со Вас, а по пристигнатите информации за неусогласени состојби во врска со...