IuteCredit Europe („ICE“), водечка европска групација за лични финансии, купи дополнителни 49,7% од акциите на молдавската Energbank, што одговара на 994.645 акции, за вкупна куповна цена од 8,3 милиони евра на Молдавската берза. IuteCredit сега поседува 59,7% од акциите на Energbank.
„Работиме на брза и уредна транзиција кон целокупна акционерска и оперативна контрола на банката. Нашата цел е да стекнеме максимална сопственост на банката и да го купиме остатокот од акциите по пазарни услови. Народната банка на Молдавија одобри стекнување на квалификуван удел во акционерскиот капитал на Енергбанк“, изјави Тармо Силд, извршен директор на IuteCredit Europe.
„IuteCredit се движи во насока да стане модерна и брза fintech банка. По купувањето, планираме да ја интегрираме банката со Iute Credit Group, да ги усвоиме нашите иновативни технолошки решенија и да ги направиме сите банкарски услуги достапни на паметен телефон“, рече Силд.
„IuteCredit со задоволство му посакува добредојде на тимот на Energbank во корпоративната култура и вредности на Iute, со уверување дека наскоро ќе биде постигнато совршено совпаѓање и синергија, и покрај тоа што продолжуваат да работат како два посебни ентитети во рамките на IuteCredit Group“, рече Лилиан Гузун, извршен директор на IuteCredit, Молдавија.
Комерцијалната банка „Енергбанк“ СА работи на финансискиот пазар на Република Молдавија веќе 25 години и е една од најреномираните средни финансиски институции во земјата во овој период, со вкупна актива од 2,97 милијарди ЛЕИ (148 милиони евра ) според извештаите од 31 декември 2021 година.
Извор: ИутеКредит