Претседателот на ССМ, Дарко Димовски оствари разговор со Вицепремиерот Бојан Маричиќ за состојбата со македонските работници во Украина кои се заглавени поради воените дејствија и истите се соочуваат со потешкотии да ја напуштат земјата на безбедно.
Со посредство на Вицепремиерот Маричиќ, Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските при ССМ, Миќо Стојановски денеска направи контакт до Амбасадорот на РСМ во Романија, Габриел Атанасов со кој е и повлечениот Македонски Амбасадор од Украина и каде што се координираат активностите за извлекување на македонските граѓани од воените подрачја.
Ги информираше дека повеќе од 100 возачи од македонски превозници, како и многу други работници и граѓани се заглавени во подрачјата каде што има воени дејствија и дека е потребна итна активност за нивно извлекување на безбедно во некоја од соседните земји.
Укажуваме дека сите возачи, работници и граѓани на Македонија дека за информации за начинот на обезбедување на безбедни коридори за нивна евакуација од Украина можат да се обратат на телефонските броеви во Амбасадата во Романија Тел: ++ 40 21 210 0880 како и лично на Амбасадорот Габриел Атанасов +40721323995 .
https://bucharest.mfa.gov.mk/mk