spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиЗајакнување на улогата на Синдикатите во ублажување на влијанието на кризата Ковид-19

Зајакнување на улогата на Синдикатите во ублажување на влијанието на кризата Ковид-19

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствен репрезентативен синдикат и како полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати – ETUC и дел од Регионалниот синдикален совет солидарност, заедно со синдикатите членки започна со спроведувањето на активностите кои во наредните 15 месеци заедно со синдикатите членки на наведените организации ќе се спроведуваат заедно со Меѓународната конфедерација на синдикати – ETUC дел од каскадниот проект на тема „ Синдикати за правично закрепнување: Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на кризата КОВИД-19“

 

Во Скопје се одржа првата работилница за процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да не се намалуваат и кршат работничките и социјалните права на работниците, а на која 30 учесници стекнуваат познавања со кои ќе обезбедиме поголема ефикасност и ќе обезбедиме поголема и побрза достапност на сите наши услуги за обезбедување на бесплатна правна помош, а со тоа ќе го дигитализираме синдикализмот во државата и ќе бидеме пример за воведување нови техники и технологии кои ќе послужат како пример за другите институции во земјата која треба да ги следи европските и светските трендови на дигитализација.

Синдикалните услуги ги правиме достапни како преку традиционалните начини на комуникација, така и преку дигитализирање на услугите преку воведување на револуционерни решенија како СИНДИ – Е советникот за работнички права и првата бесплатна мобилна апликација ССМ – мои работнички прва за побрзо и поефикасно обезбедување на правната запштита која им е повеќе од потребна на работниците.

Активноста е поддржана и финансирана од Европската конфедерација на синдикати – ETUC и Европската унија.

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...