spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиЗаедно со ПСО на средба со пратениците на ДУИ

Заедно со ПСО на средба со пратениците на ДУИ

На барање на Прогресивниот синдикат на образованието – ПСО се одржа средба во Собранието на РС Македонија помеѓу раководството на ПСО предводено од Влатко Секуловски, Владо Димовски, Фитим Аџами и Јован Шапе, Претседателот на ССМ Дарко Димовски со Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми со пратениците од ДУИ.

 

На средбата се разговараше за потребата што е можно побрзо пратениците да го усвојат Предлог – законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, а од страна на Претседателот на ССМ Димовски и раковоството на Прогресивниот синдикат на образованието – ПСО беше побарано од пратениците на ДУИ предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование со кој се обезбедува социјална и сигурна иднина за најмалку 4.700 просветните работници и зголемување на платите што поскоро да се усвои и со тоа да се придонесе за социјалната сигурност на овие работниците кои изминатиот период биле манипулирани на еден или на друг начин, што мора да престане.

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Мицкоски: Претходната власт трошела расипнички, но во првите 100 дена ние...

0
Да се заблагодарам најпрвин на новинарите за интересот за овој настан. Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто...