spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Во образованието нема место за политички игри, општина Тетово да се...

МОН: Во образованието нема место за политички игри, општина Тетово да се заложи за повеќе и подобри образовни можности за идните средношколци од градот

Напорите на Министерството за образование и наука за модернизација на средното стручно образование и негово прилагодување на потребите од стручен кадар на локално ниво, не секаде се добронамерно сфатени и најдобро прифатени. Класичен пример за тоа е одлуката на општина Тетово да го откаже настанот организиран по овој повод кој беше однапред договорен како дел од поширока агенда за дијалог со бизнис заедницата и сите локални самоуправи во државата, а поддржан од проектот „Образование за вработување“ и од амбасадата на Швајцарија.

Одлуката на општина Тетово не е во најдобар интерес ниту на идните средношколци од градот, ниту на бизнис заедницата која покажа подготвеност да се вклучи во проширување на концептот на дуално образование и обезбедување на добри услови за практична обука и квалитетно стручно усовршување и подготовка на младите тетовчани за брз и успешен настап на пазарот на трудот. Во иднина разумот мора да надвладее, бидејќи носителите на политички функции имаат обврска да работат и служат во интерес на граѓаните.

Ниту една измислена причина не може да ја затскрие политичката позадина на ваквата постапка на градоначалникот на општина Тетово. Чекорот е погрешен, бидејќи во  образованието нема простор за политика и за правење обиди за собирање на политички поени. Во образованието фокусот се и мора да бидат учениците, наставниците, студентите, професорите и нивните најдобри интереси.

Откажаниот настан од страна на општина Тетово ќе се одржи во некој од следните денови и веруваме дека градоначалникот ќе биде добар домаќин на средбата со претставниците од МОН, Швајцарската амбасада и локалната бизнис заедница.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...