spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Ќе се интензивираат активностите за промоција на придобивките од учество во...

МОН: Ќе се интензивираат активностите за промоција на придобивките од учество во Еразмус+ програмата на ЕУ за образование, обука, млади и спорт

Учениците и наставниците од Северна Македонија имаат одлични можности за мобилност и вмрежување со врсниците, односно колегите од другите земји во Европа преку Еразмус+ програмата на Европската Унија. И тоа е добар начин за размена на искуства, согледување на позитивни практики и нивна примена во нашата земја. Затоа, МОН и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе продолжат да работат во насока на обезбедување на услови за вклучување на што поголем број на корисници, млади луѓе и наставен кадар од државата во реализацијата на меѓународни проекти од  областа на образованието, обуката, младите и спортот.

За ова дискутираа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓеоргиевски, на која и двајцата изразија задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка и според нив таа ќе продолжи да се надградува, а во интерес на создавање што повеќе и поквалитетни образовни можности за граѓаните во Северна Македонија.

Како што истакнаа соговорниците, очекувањата се дека буџетот кој државата го добива од Европската унија за реализација на активности во рамки на Еразмус+ програмата ќе продолжи да се зголемува од година во година, а во меѓувреме институциите ќе ја интензивираат промоцијата на придобивките од учеството во оваа програма меѓу младите и наставниот кадар.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте