spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Каратистот Неделковски на прием кај градоначалникот Стојкоски

Ѓорче Петров: Каратистот Неделковски на прием кај градоначалникот Стојкоски

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски одржа средба со младиот каратист, 19-годишниот Александар Неделковски, репрезентативец и член на клубот „Металург“,

На средбата стана збор за неговите успеси и за она што општина Ѓорче Петров го прави за подобрување на состојбите во спортот.

-Спортистите од Ѓорче Петров се наши амбасадори и наша гордост. Како градоначалник и аминистрација силно се заложуваме да ги поттикнеме и поддржиме индивидуалните спортисти и таленти да продолжат со успесите. Горди сме што нашиот сограѓанин Александар е освојувач на светско шото кан првенство, 13 години е државен првак во дисциплина кати, шест пати балкански медалист и последен резултат во Дубаи-седми на светско првенство во сениори – рече Стојкоски.

Градоначалникот се заложи иднина активно да работи на афирмација на нашите таленти на терените низ светот.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте