spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Постои можност за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Маричиќ: Постои можност за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето, во „Студио 10“ на ТВ24, рече дека сега е добра можност да се забрза процесот на евроинтеграциите, бидејќи оваа ситуација на долгогодишно чекање не им оди во прилог ниту на ЕУ ниту на нас.

-Европската Унија треба да влезе похрабро во политиката на проширување и проектирање на членството на државите од Западен Балкан. Мислам дека свеста во тој дел се менува. Ние се покажавме како доверлив партнер и ова е добра можност да се забрза процесот, кажа вицепремиерот Маричиќ.
Тој додаде дека во наш интерес е да се фокусираме и насочиме кон решавање на нашите проблеми и што поскоро го одблокираме процесот.

-Северна Македонија постапила брзо и ефикасно како партнер, очекувам во наредниот период тоа да добие опопливи форми, меѓутоа да не очекуваме дека некој друг ќе ни ги реши проблемите. Нашиот интерес е да се реши проблемот со Бугарија, како што реков со едно достоинствено решение, но да немаме одвишок други пречки за почеток на преговорите, посочи Маричиќ.

Вицепремиерот потенцираше дека не е можно да се решат брзо историските прашања, иако има напредок во работата на историската Комисија.

– Тоа е добар сигнал и дека дискусиите и заклучоците за историјата треба да одат кај историчарите пред сè. Ние работиме на откочување на нашиот евроинтегративен процес затоа и влеговме со ваква интензивна комуникација со Република Бугарија. Да не сме верувале дека може да постигнеме позитивни резултати, не би започувале со ваков нов пристап во меѓусебната комуникација и односи, истакна вицепремиерот за европски прашања.
Маричиќ смета дека контрапродуктивно е да се комуницираат датуми, но кога ќе се дојде блиску до решение, тоа ќе биде обзнането.

-Многу е поважно суштински да се затворат прашањата, бидејќи тоа само создава тензија кај јавноста, ги крева очекувањата, а потоа предизвикува разочарување, рече Маричиќ.

Прочитајте