Преглед
Англиски за човечки ресурси е соодветен за менаџери по ЧР, вработени во ЧР, како и сите оние кои работат во агенциите за вработување и за привремени вработувања. Курсот им помага на слушателите да се стекнат со релевантните изрази и вокабулар што е потребен за ефективно да зборуваат и да комуницираат во својата област. Секоја тема од Англиски за човечки ресурси опфаќа различни прашања поврзани со полето на ЧР, вклучувајќи вработување, работни односи, бенефиции и надомест. Овој курс нуди дополнителна помош со јазикот што е потребен за типични задолженија во ЧР како оценувања, евалвации, интервјуа и извештаи.
Фонд на часови и интензитет
Вкупен фонд на часови: 30 од по 45 минути.
Интензитет: 2 пати неделно по 2 часа од по 45 минути (90 минути).
По успешно завршување на курсот, секој слушател добива Сертификат со ниво според Заедничката Европска Рамка.