spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаГрад Скопје: Арсовска - Наследивме големи долгови од минатото, но Скопје мора...

Град Скопје: Арсовска – Наследивме големи долгови од минатото, но Скопје мора да се менува и да се модернизира, тоа е нашата единствена цел

Градоначалничката Арсовска утринава гостуваше во утринската емисија „Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија, каде што зборуваше за моменталните активности на Град Скопје, како и активностите на Јавните претпријатија во Скопје.

Арсовска истакна дека Градот Скопје во овој момент функционира дијаметрално спротивно од она кое што било пракса во изминатите години, односно нема веќе непотребно и недомаќинско расфрлање на средствата кои што се пари на граѓаните.

„Факт е дека кога го презедовме Град Скопје како ново градско раководство, се соочивме со големи проблеми, најголемиот дел од нив финансиски, поради тоа што градот е презадолжен. Но, не сме тука да се жалиме, наша работа е да бидеме сервис на граѓаните и да придонесеме за развој и модернизација на Скопје. Ние како Град Скопје, заедно со сите Јавни претпријатија кои што се под наша надлежност, секојдневно меѓусебно се координираме и соработуваме, се со цел навремена интервенција секаде каде што ќе се утврди потреба”, истакна Арсовска.

Градоначалничката Арсовска потенцираше дека скопските општини и Јавните претпријатија не се во најдобра финансиска состојба поради недомаќинското раководење во изминатите четири години, но исто така истакна и дека дотациите кои граѓаните ги слеваат во општините не се на нивото кое што треба да се достигне, се со цел тие да имаат доволно средства за секојдневно менаџирање на проблемите кои ги имаат граѓаните и капиталните инвестиции кои што се главен приоритет.

Во периодот кој што следи ќе се отпочнат навистина големи капитални и инфраструктурни проекти кои што се од круцијална важност за Скопје и скопјани. Започнуваме со реконструкција на улици, уредување на пешачките и вело патеки покрај булеварите, работиме на нови зелени површини кои што се неопходни, но исто така ќе има и нови  5 мега паркови кои што ќе бидат од огромно значење за граѓаните. Скопје почна да се менува и да се модернизира, наша цел е да донесуваме брзи и ефикасни решенија кои што ќе бидат од полза на граѓаните и на градот Скопје”, заврши Арсовска.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...