spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Од пазарот се повлекува целото производство на Киндер од Белгија

АХВ: Од пазарот се повлекува целото производство на Киндер од Белгија

Атлантик Трејд Скопје ДОО Скопје  ја информира Агенцијата за храна и ветеринарство дека го проширува повлекувањето од пазарот на целото производство (сите серии и производи со сите рокови на употреба) на Киндер Шокобонс (46 и 125 гр.), Киндер Сурпрајз  Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче (133 гр.).

Во известувањето операторот информира дека проширувањето на повлекувањето е на барање на производителот „Фереро“ и се однесува  на производите кои се произведени во фабриката  во Арлон, Белгија. Целта на повлекувањето е да се обезбеди максимално ниво на безбедност на храната и да се елиминира ризик од понатамошна контаминација.

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...