spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна...

МЗ: Форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”

Министерот за здравство, Беким Сали на  Форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија” во своето обраќање ја потенцираше важноста од вакцинацијата како најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

– Конкретно изминатите 100 дена посебно се фокусиравме на индивидуален пристап со цел да ја доближиме имунизацијата поблиску до граѓаните, поблиску до нивното место на живеење. Постојано ја следиме епидемиолошката состојба, како и актуелните препораки за состојбата со ковид, информира министерот Сали.

Во однос на обезбедувањето што е можно повеќе лекови без доплата тој информираше дека ова е една од главните заложби на Министерството за здравство. Исто така, во своето обраќање министерот Сали ги посочи и дел од новините во изминатиот период за осовременување на здравството и здравствениот систем и унапредување во повеќе сегменти – инфраструктура, нова медицинска опрема и стручна надградба на кадарот.

За таа цел како што нагласи Сали во обраќањето, на Институтот за радиологија деновиве се инсталирани четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца, обезбедени во соработка со Светска банка. – На Клиниката за пулмологија е промовиран нов Компјутерски центар за дијагностика, а преку проектот „Снабдување со опрема за одговор на здравствени закани“ се обезбедуваат три апарати за МР за Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ОБ Струмица и ОБ Прилеп и пет апарати за КТ за Клиника за пулмологија и општите болници во Куманово, Кичево, Гевгелија и Кавадарци, истакна министерот Сали, додавајќи и дека целосно е реконструиран одделот за онкологија на Клиниката за детски болести,кој е единствен од овој карактер во регионот и ќе ги згрижува сите деца со малигни болести.

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Град Скопје: Соопшение

0
По неоснованите напади и лажните вести за дезинсекцијата во Скопје граѓаните да бидат спокојни бидејќи истата се реализира согласно можноста и временските услови на...