spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Реновирање на Ургентиот хируршки центар

МЗ: Реновирање на Ургентиот хируршки центар

Од ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) информираат дека во тек на овој  викенд почнуваат активности за реновирање на Ургентиот хируршки центар и овие зафати ќе се реализираат во траење од еден, најдоцна до два месеца.

Од Ургентниот центар информираат дека  ќе функционираат непречено со дежурни тимови во текот на целото деноноќие, но со помал обем и пациентите кај кои е неопходна итна здравствена услуга ќе бидат соодветно згрижени.

Во овој период на реновирање, пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, што времено ќе се преадаптира во Ургентен центар.

Согласно планот, во случај на зголемен број пациенти за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар, предвидено е сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница 8-ми Септември, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Во меѓувреме, во кругот на Ургентен центар се преземат активности за соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патека на движење за возилата на ИМП до главниот влез на хируршките клиники од страната на УК за стоматологија.

Исто така, со цел обезбедување соодветен транспорт, обезбедено е посебно болничко транспортно возило, кое ќе биде достапно за пациентите на хируршките клиники, по потреба за транспорт до останатите клиники, најчесто до Институт за радиологија (лоцирано на влезот од страната на УК за стоматологија).

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...