spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССV-ти Конгрес на КСС

V-ти Конгрес на КСС

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС на 05.05.2022 година го одржа својот редовен 5-ти Конгрес. На Конгресот се избираше Претседател на КСС, каде што досегашниот претседател, Благоја Ралповски, беше реизбран за Претседател на КСС за следните 5 години. На 5тиот Конгрес на КСС свое обраќање преку видео порака имаа Лука Висентини – генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати и Шаран Бероу – генералниот секретар на Светската конфедерација на синдикати. Лука Висентини им порача на присутните: „Ние сме покрај вас за да помогнеме во зајакнувањето на улогата на синдикатите во Македонија. Ја имате целата наша поддршка и наша солидарност.„ Додека пак Шаран Бероу порача: „Знам колку е важно за луѓето да се соберат на Конгрес за да ја исцртате иднината, за да ги славите победите, борбите што ги имавте во претходните години, но и да ја зацврстите посветеноста за синдикалните борби за во иднината. Стоиме со вас за она што знаеме дека го сакаат работниците“.

Конгресот на КСС ги усвои Програмските активности за работата на КСС во следниот петгодишен период. Конгресот исто така усвои и 4 Резолуции: Резолуција за фер плати и систем на плати каде што КСС ќе се залага за воспоставување на систем за плати со кој ќе се овозможува фер и правично зголемување на платите кое ќе биде системски уредено или по пат на колективни договори и ќе се залага за искоренување на праксата правото на достоинствена плата да се добива по најтешкиот пат, односно по пат на штрајк; Резолуција за работни судски спорови во разумен рок каде што КСС ќе се залага за спроведување на законите кои гарантираат итност на судската постапка, рок од 6 месеци првостепена и 2 месеци второстепена постапка, а трошоците за истата судска постапка да бидат сведени на минимум; Резолуција за почитување на законите и колективните договори каде што КСС Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе се залага за конечно воспоставување на систем на почитување на законите и колективните договори и нивно спроведување во целост преку сите расположливи мерки со кои располага, но и воведување на построги санкции за сите работодавачи кои не ги почитуваат законите и колективните договори и Резолуција за обештетување на КСС за синдикалниот имот, каде што КСС повикува на целосно транспарентна постапка со која поранешниот работнички имотот во Македонија ќе се распредели сразмерно на сите правни и легитимни наследници, како и задоволување на правдата и вистината од која директно е засегнат КСС, како еден од правните  и легитимните наследници на тој имот.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски им порача на своите членови дека борбата за почитување на работничките права ќе продолжи уште посилно и пообединето и дека синдикалното делување ќе истрае.

На Когресот присуствуваа Естер Линч – заменик генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати, Ениса Салимовиќ – координатор на  ИТУК/ПЕРК Канцеларијата во Сараево на Светската конфедерација на синдикати и Стивен Мек Клауд – Програмскиот директор на Солидарити Центар за Албанија, Косово и Македонија кои што им се обратија на присутните гости и делегати. Свое обраќање на Конгресот имаа и присутните гости од синдикатите од регионот. Исто така на Конгресот се обратија и Претседателот  на УНАСМ – Слободан Антовски и Претседателот на КСОМ – Марјан Ристесвски.

V-ти Конгрес на КСС – Галерија

 

 

 

 

Извор: Конференција на слободни синдикати на Македонија

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...