spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструкцијата на пешачките патеки во Градски парк во завршна фаза...

Град Скопје: Реконструкцијата на пешачките патеки во Градски парк во завршна фаза – се асфалтираат патеките позади Луна парк

Екипите на Градот Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со активности за реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк.

На терен денеска се асфалтираат пешачките патеки позади Луна паркот. Патеките се со должина од 110 метри и широчина од 6,5 метри, со вкупна површина од околу 710 квадратни метри.

Реконструкцијата на пешачаките патеки во Градскиот парк на вкупна површина од 9000 квадратни метри се реализира во фази, а досега целосно се реконструирани 7500 квадратни метри. Најголемиот дел од патеките веќе се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...