spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструирана пешачката патека на улица Љубљанска во Карпош

Град Скопје: Реконструирана пешачката патека на улица Љубљанска во Карпош

Со асфалтирањето на третиот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, на потегот од улицата Разловечко Востание до булевар Илинден, целосно е реконструирана пешачката патека, на вкупна површина од 1300 квадратни метри. На овој потег, исто така ќе бидат поставени заштитни столпчиња, со цел зголемување на безбедноста за пешаците и спречување на непрописно паркирање возила на пешачката патека.

Досега се поставени 94 заштитни столпчиња на реконструираната пешачка патека на улицата Љубљанска, на потегот од од булеварот Партизански Одреди до улицата Разловечко востание.

Реконструкцијата на пешачката патека продолжува од другата страна на улицата Љубљанска, во насока од булеварот Илинден до Сити Мол, на површина од 1000 квадратни метри. Со обновувањето на пешачката патека се олеснува движењето на пешаците на овој потег и се зголемува безбедноста за учесниците во сообраќајот.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Карпош: Бележење на пешачки премини пред градинките и училиштата

0
За поголема безбедност во сообраќајот Општина Карпош започна акција за повторно бележење на пешачките премини пред сите основни училишта и детски градинки кои се...