spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: „Медија Флеш“ почна со реализирање на проектот „ Јас сум потрошувач...

Струмица: „Медија Флеш“ почна со реализирање на проектот „ Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари“

Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ почна со реализирање на проектот „Јас сум потрошувач и одлучувам за моите пари“, финансиски поддржан од Општина Струмица.

Зошто овој проект? Како општество и како граѓански организации често сме посветени на афирмација и промовирање на основните човекови права, но не секогаш го опфаќаме како право она што со кое секојдневно имаме контакт-купувањето храна, купувањето прехрамбени производи, точењето гориво, плаќање сметки за електрична енергија, купување земјоделски производи, лекови, добивање најразлични услуги и слично. Во изминатиот период многу малку се зборува за информирање на граѓаните за нивните права како потрошувачи, кои механизми и алатки им стојат на располагање со цел да да ги заштитат своите права, по основ на секојдневните потрошувачки договори што тие ги склучуваат и се во интеракција, информираат од „Медија Флеш“. Иако има рамка за потрошувачите во форма на Закон за заштита на потрошувачи, сепак се уште е голем бројот на граѓаните кои не ги знаат своите права како потрошувачи, но сепак уште позагрижувачки е бројот на оние кои не знаат каде да се обратат во случај нивното право како потрошувачи да биде повредено. Ова прашање и проблем е посебно изразено во помалите локални средини и потребата од едукација на граѓаните-потрошувачи е неминовна, со цел тие да се заштитат од лоши производи, нереални цени или да извршат промена на неисправниот, односно расипаниот производ. Исто така во време на дигитална ера и онлајн продажба, граѓаните мора да ги знаат своите права како онлајн потрошувачи. Има повеќе случаи каде граѓаните се изманипулирани, односно нарачуваат еден производ, а добиваат друг производ или пак оштетен производ.

Иако до 2018 година постоеше Советодавно место за заштита на потрошувачите на Струмица и ова тело и канцеларија функционирало во рамки на Општина Струмица, како проект од Организацијата на потрошувачи на Македонија, веќе неколку години не е во функција. Формирањето и ставањето на ова тело во функција ќе овозможи граѓаните да имаат механизам и алатка за да се пожалат за нарушување на своите потрошувачки права и да им се излезе во пресрет доколку има утврдени неправилности, додаваат од Здружението. Главна цел на проектот е запознавање на граѓаните за нивните права како потрошувачи, унапредување на заштитата на потрошувачите и заштита на интересите на потрошувачи со цел тие да развијат свест, вештини, знаења и да имаат информации за производите што ги купуваат и кои механизми и алатки им стојат на располагање за да се заштитат од лоши производи, нереални цени или да извршат промена на неисправниот, односно расипаниот производ и да се воспостави квалитетен систем на заедничка соработка меѓу граѓанскиот сектор, институциите и граѓаните како потрошувачи. Во наредниот период „Медија Флеш“ преку најразлични активности ќе работи на реализација на овој проект, а граѓаните ќе бидат информирани подетално за сите активности во наредниот шестмесечен период за постигнатите резултати.

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица

Прочитајте