spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаСДС нема легитимитет да говори за насилство на протести

СДС нема легитимитет да говори за насилство на протести

Откако вчера квислиншката власт се соочи со искрениот револт на народот, истата се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на протестите – во нивниот препознатлив манипулативен и спинувачки стил.

Благодарение на совесни вработени во службите, до нас пристигна информации дека власта има сериозни намери да вклучи провокатори во протестите. Се со цел да предизвикаат сериозни нарушувања на јавниот ред и мир за да ги оправдаат нивните полициско – репресивни активности и да се обесхрабри македонскиот народ да дојде да го изрази правото на протест против националните предавства.

Ваквите методи на делување не се воопшто за изненадувањеод страна на еден тоталитарен и хибриден режим. Нашите членови во ниту еден момент не ја загрозија безбедноста на полициските службеници вчера, ниту пак фрлаа со тврди предмети – а така ќе биде и на денешниот протест.

Потенцираме дека членовите на Левица не носат фантомки, а секое лице кое во таква форма ќе биде забележано ќе биде изолирано и нема да му се даде поддршка во неговите активности.

СДС нема никаков легитимитет да говори за насилство на протести – затоа што сиот народ е свесен на каков начин дојдоа на власт!

Кога неправдата станува закон – отпорот станува должност.

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДО ПАД НА ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ!

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...