spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: „Чекор пред себе“ забавно едукативен настан на плоштадот Магнолија

Битола: „Чекор пред себе“ забавно едукативен настан на плоштадот Магнолија

Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука“, во соработка со танцовиот клуб „Спортакус“, со поддршка од општина Битола, на плоштадот Магнолија, организираа голема детска забава, насловена „Чекор пред себе“.

Настанот имаше за цел, подигнување на свеста за грижата за физичкото и менталното здравје со акцент на најмладата популација, преку активно вклучување на децата во повеќе забавно едукативни активности.

Преку танцот, музиката, пишаниот збор и ликовното изразување, беше потенцирана важноста на овие активности кои се многу значајни за негување на моралните вредности, во функција на зачувување на здравјето.

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...