spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Тројца млади Роми со свои високи достигнувања ја промовираат општината

Битола: Тројца млади Роми со свои високи достигнувања ја промовираат општината

Сонита Фејсовска, Оран Јашаровски и Архан Асланоски се тројца млади битолчани од ромска националност, кои со својот талент, квалитет и трудољубивост, постигнуваат високи резултати, ги рушат табуата, а преку промоција на високи вредности, го промовираат и градот во кој жиивеат.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, согледувајќи ги високите резултати кои ги постигнаа овие млади луѓе во спортот и образованието, организираше заедничка средба на која им честиташе за успесите, поттикнувајќи ги и понатаму да продолжат да се надградуваат, да напредуваат и на тој начин да бидат промотори на Битола, но и успешно да продолжат да ја градат својата иднина.

На средбата со градоначалникот, Сонита Фејсовска, ја раскажа својата приказна како некогашната далечна можност, еден ден да биде студент, после многу упорност и благодарение на нејзината амбициозност и јасна визија, денес ја доведе до дипломец на Педагошкиот факултет, првенец на генерација со просек 9,80.

Оран Јашаровски, како член на боксерскиот клуб „Куманово 84“ го освои годинешниов трофеј на Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, кој по вторпат се одржа во Куманово. Јашаровски информираше дека, на турнирот учествуваа дваесетина боксери од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово, а беа одиграни околу 20 мечеви.

На светскиот куп во куглање, пак во категоријата У18 во Естонија, младиот битолчанец Архан Аслановски, како претставник на Македонија со исклучителна игра успеа да влезе во најдобрите 8 машки играчи на Светскиот Куп, пласирајќи се на 7 место.

Ваквите резултати, потврдуваат дека Битола има многу талентирани млади луѓе од различни националности, кои и понатаму ќе ја имаат заслужената поддршка од локалната самоуправа.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...