spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Забрзано се уредува новиот парк од 5.000 квадрати во населбата...

Град Скопје: Забрзано се уредува новиот парк од 5.000 квадрати во населбата Ченто

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на уредување на новиот парк во населбата Ченто, кој се протега на површина од 5.000 квадратни метри, а кој пред само десетина дена го најавија градоначалничката Данела Арсовска и директорот на претпријатието, Ангеле Сотировски.

Во паркот што се протега од улицата Јужноморавски бригади до каналот, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ веќе го расчистија и порамнија теренот, а беше нанесена и квалитетна почва. Во тек е поставувањето на водоводната инсталација, која опфаќа нови хидранти, поп-ап прскалки со метална заштита и систем за наводнување „капка по капка“ со должина од 400 метри.

Откако екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе завршат со изградба на патеките во паркот, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе засеат трева. Во следните неколку месеци, пак, кога временските услови ќе бидат погодни, во паркот ќе бидат засадени и листопадни и зимзелени садници, а ќе бидат уредени и два алпинетуми разубавени со различни перени.

Уредувањето нови зелени површини и нови паркови во Скопје е еден од приоритетите во работата на Градот Скопје. Согласно со таа зелена политика, жителите на овој дел од општината Гази Баба за првпат ќе добијат модерен парк, нови уредени зелени површини и можност за одмор, релаксација и дружење на отворено на местото кое што претходно беше запуштено и полно со шут и ѓубре.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...