spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Извршено линеарно зголемување на платата на вработените

Аеродром: Извршено линеарно зголемување на платата на вработените

Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претставници на Синдикалната организација на Општина Аеродром денеска потпишаа измени на Колективниот договор, со што се врши линеарно зголемување на платата на вработените во администрацијата од 2800 денари.

„Оваа мерка се спроведува со цел да се постигне подобрување на условите во кои работат административните службеници, бидејќи мотивиран персонал може да постигне многу повеќе за граѓаните и за општината. Истовремено, потребата од потпишување на овој колективен договор е голема, особено во време кога се соочуваме со висока инфлација и општа економска криза“, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски.

Со усогласувањето се предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на оние лица чии месечни примања веќе беа зголемени со самото покачување на минималната плата.

 Договорот може да се види на следниот линк: Колективен договор на ниво работодавец на Општина Аеродром

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...