spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Пуштена во употреба Приватната установа за социјална заштита на стари лица...

Битола: Пуштена во употреба Приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“

Денес, официјално беше пуштена во употреба Приватната установа за социјална заштита на стари лица „Дом Софија“ во Битола. Пред присутните гости и пријатели сопственичката Софија Ристевска се заблагодари за присуството и раскажа како дошле до идејата за отворање на овој објект.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски им честита на сопствениците за иницијативата и заложбата за реализација на идејата, што денес резултира со успех и создавање нов капацитет со европски стандарди за грижа на старите лица.

„Верувам дека со високите стандарди кои ги исполнува објектот, корисниците на оваа установа ќе имаат можност за удобно сместување, квалитетна услуга, но и исполнети денови.

Со воведувањето и на други социјални услуги, како: дневен центар за активно стареење, семејно советувалиште и сервис за помош и нега во домот, бенефитите ќе може да ги почувствуваат многу граѓани од Битола, а сигурно и од регионот.

Оваа инвестиција, покрај што е особено важна за подобрување на социјалната заштита и здравствената нега на повозрасните сограѓани, истата има и позитивно економско влијание во општината, преку отворањето на нови можности за вработување.

Се надевам дека, овој и други успешни примери, ќе го следат и други инвеститори, кои ќе градат и развиваат нови капацитети и бизнис идеи во нашиот град, а Битола во периодот кој претстои ќе продолжи да се развива како економски привлечна дестинација.

Како локална самоуправа, подготвени сме за соработка и поддршка на сите инвеститори, во согласност со нашите законски надлежности и можности.

Уште еднаш, испраќам искрени честитки до целиот успешен тим кој стои зад овој нов капацитет и посакувам успешна работа и многу задоволни корисници“, рече градоначалникот Коњановски на денешното отворање на приватната установа „Дом Софија“.

Објектот зафаќа површина од 1500 метри квадратни, со капацитет за згрижување на 60 корисници. Со отпочнувањето со работа, ПУСЗ „Дом Софија“ вработува 16 лица, а при полн капацитет ќе вработува 30 лица. Интерес за сместување има од целиот Пелагониски регион, како и од Охрид, Струга и Кичево.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...