HomeОпштиниГевгелија: На 25 јули, закажано второто авионско прскање против комарци во општина...

Гевгелија: На 25 јули, закажано второто авионско прскање против комарци во општина Гевгелија

spot_img
spot_img

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте Oпштини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира второ aвионско прскање против возрасни комарци.

На подрачјето на општина Гевгелија, второто авионско прскање е закажано на 25 јули, 2022 година, во раните утрински часови. Истиот ден, е закажана и втората авионска дезинсекција на подрачјето на општина Струмица.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во временскиот период од 04:00 до 10:00 часот.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши во наредните денови кога временските услови ќе бидат подобри.

Извор: Општина Гевгелија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија