spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Реконструкција на кровот на детската градинка

Илинден: Реконструкција на кровот на детската градинка

Во детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден во тек е реконструкција на кровот.

Во градинката се вршат градежни работи, односно промена на салонитните табли со поставување на пластицифиран лим на површина од 542 метри квадратни.

Увид во работните активности на градинката вчера направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека целта е да се обезбедат подобри инфраструктурни услови во оваа детска установа. Тој додаде, приоритет секогаш ќе бидат младите и најмладите во детската градинка и училиштата, каде редовно ќе се вршат реконструкции за подобрување на условите за престој и работа.

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...