spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Продолжува градежната офанзива, изградена нова улица во локалната економска зона Ограѓа

Илинден: Продолжува градежната офанзива, изградена нова улица во локалната економска зона Ограѓа

Во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива” како и дел од проектот за подобрување на патната инфраструктура во локалните економски зони, Општина Илинден продолжува со изградба на нови улици.

Во локалната екомонска зона Ограѓа во н.Илинден изградена е нова индустриска улица во должина од 360 метри, широчина 7метри, како и тротоар во должина на улицата и со широчина од 1,5 метри.

Изградбата на оваа улица е од големо значење за компаниите кои гравитираат во тој дел од општината, а истата ќе ги поврзе улиците ,,2”  ,,9”  ,,19” и индустриските улици ,,8” и ,,29” во н. Илинден. На овој начин ќе се обезбеди подобра сообраќајна комуникација, како и поголема безбедност во сообраќајот во овој централен дел во населбата Илинден. Општина Илинден оваа улица ја изведува во соработка со општествено одговорни компании. Градежните активности за реконструкција на патната инфраструктура и во останатите населени места во општина Илинден ќе продолжат и во наредниот период.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...