spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Демографија на претпријатијата, 2020 година

ДЗС: Демографија на претпријатијата, 2020 година

Со цел зголемување на степенот на хармонизираност со стандардите на европската статистика, Државниот завод за статистика направи методолошки подобрувања врз чија основа изврши ревизија на податоците на статистиката на демографските карактеристики на претпријатијата за периодот 2018/2019 година и ги подготви податоците за 2020 година.

Новосоздадени претпријатија во 2020 година

Во 2020 година биле регистрирани 5 141 новосоздадено претпријатие, што претставува 7.8 % од вкупно активните пазарно ориентирани претпријатија, чија главна дејност според Националната класификација на дејностите – НКД, рев. 2, припаѓа во секторите на дејности од Б до О[1]). Во однос на 2019 година, забележано е намалување на бројот на новосоздадените претпријатија за 6.0 %, и тоа најмногу во секторите Транспорт и складирање, Трговија, Преработувачка индустрија, како и Објекти за сместување и исхрана.

Најголемиот дел од новосоздадените претпријатија (77.6 %) припаѓаат на услужните дејности, во чии рамки најмногу се од секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1 574), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (609) и Стручни, научни и технички дејности (553). 12.2 % од новосоздадените претпријатија припаѓаат на секторот Индустрија, а на секторот Градежништво 10.2 %.

Новосоздадените претпријатија вработиле 9 867 лица, што претставува намалување за 23.7 % во однос на претходната година. Без вработени биле 20.6 % од новосоздадените претпријатија, 74.4 % вработиле 1-4 лица, додека 3.4 % вработиле од 5 до 9 лица.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (80.7 %).

Згаснати претпријатија во 2019 година, претходни податоци

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2019 година згаснале 8.2 %, односно 5 407.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од згаснатите претпријатија (37.1 %) се во секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма најголем дел од згаснатите претпријатијата (80.7 %) се категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Згаснати претпријатија во 2018 година, дефинитивни податоци

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2018 година згаснале 7.5 %, односно 4 879.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од згаснатите претпријатија (38.6 %) се во секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма дури 81.0 % се категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.



[1] Секторите A, Љ, П и Р и класата 64.20 се исклучени.

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

 

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...