spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРесен: Јавен повик

Ресен: Јавен повик

Врз основа на од Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња бр. 08-1204/6 од 25.05.2022 год. (“Службен гласник на општина Ресен  бр.6/22)и   член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 01- 1708/1од 07.2022 година, Општина Ресен објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за избор на надворешни членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на општина Ресен

  1. Предмет

1.1         Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и  на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на општина Ресен  (во понатамошниот текст: Комисија), и тоа:

–     1 (еден) член  од редот на лиценцирани лекари трауматолози и

–     1 (еден) член од редот  на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.

1.2         Мандатот на членовите  на Комисијата е во траење од 1 (една) година.

1.3         На членовите на Комисијата , им се исплаќа месечен надоместок за учество во работата на Комисијата, на следниот начин:

–     На членовите од редот на лиценцирани лекари трауматолози и од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата,надоместок во висина од 15.000,00 ден. во нето износ.

  1. Услови

2.1         Кандидатите од потточка 1.1 на јавниот повик, треба да ги исполнуваат следните критериуми:

–     Да е државјанин на Република Северна Македонија,

–     Да поседува важечка лиценца за работа издадена од Лекарска комора на Република Северна Македонија,

–     Да има минимум 5 (пет) години работно искуство како лекар специјалист во соодветната област, во согласност со потточката 1.1 од јавниот повик.

2.2         Искуството во третирање на рани и повреди од каснување на кучиња (трауматолози) или искуството во работа (дијагностицирање) со лица кои претрпеле страв и душевна болка од каснување од кучиња (психијатрија), ќе се смета за предност.

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

3.1         Лицата кои ги исполнуваат условите од точка 2 на овој повик, потребно е до  Општина Ресен да достават:

–     Валиден документ за лична идентификација (копија),

–     Копија од важечка лиценца за работа издадена од Лекарска комора на Република Северна Македонија,

–     Доказ дека има минимум 5 години работно искуство како лекар специалист трауматолог или како лекар специалист од областа на психијатријата во здравствена установа – потврда од здравствената установа,

– Биографија во која ќе биде наведено професионалното искуство поврзано со третирање на рани и повреди од каснување на кучиња или работа (дијагностицирање) со лица кои претрпеле страв и душевна болка од каснување од кучиња (психијатрија).

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

4.1         За спроведување на јавниот повик Градоначалникот на Општина Ресен формира Комисија за спроведување на јавниот повик за избор на надворешни членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Општина Ресен  (во понатамошниот текст: Комисија за спроведување на јавниот повик).

4.2 Комисијата за спроведување на јавниот повик, врз основа на поднесените документи на лицата кои аплицирале ќе поднесе предлог за избор на членови и заменици членови во Комисијата до Градоначалникот на Општина Ресен.

4.3 Доколку има потреба Комисијата за спроведување на јавниот повик може да ги повика лицата кои се јавиле на јавниот повик на интервју.

4.4 Градоначалникот на Општина Ресен на предлог на Комисијата за спроведување на јавниот повик, ќе донесе Решение за формирање на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Општина Ресен.

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

5.1         Рокот за поднесување на пријавите е до 29.07 .2022 година.

5.2         Пријавата со целокупната документација треба да се достави до Општина Ресен  преку пошта на адреса бул „Цар Цамоил„  бр.15, Ресен или во Архивата наОпштина Ресен , најдоцна до 05.08 .2022 година до 15:00 часот, како последен ден од завршувањето на јавниот повик, со назнака: „Јавен повик за избор на Комисија за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња”.

Пријавите се доставуваат во затворен коверт без назначување на субјектот кој ја поднесува пријавата.

Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во јавниот повик, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.

Прашања за појаснување на јавниот повик лицата заинтересирани за аплицирање може да поставуваат до Сектор за правни работи и општи работи и јавни дејности.

Контакт тел:047 551-770 е-маил адреса: kabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk

 

 

 

 

Извор: Општина Ресен 

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...