spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваТренчевска: Живеењето со поддршка е вистински исчекор кон почитување на човековите права...

Тренчевска: Живеењето со поддршка е вистински исчекор кон почитување на човековите права на лицата со попреченост, отворени две нови станбени единици во Демир Капија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров беше во посета на една од двете ново отворени станбени единици (групни домови) при ЈУ Специјалниот Завод Демир Капија.

Министерката Тренчевска ги истакна позитивните резултати во смисла на подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост во заедницата преку преселбата на корисниците во помали станбени единици.

„Живеењето со поддршка за лицата со попреченост е вистински одговор за подобрување на условите, стандардите и грижата кон овие лица, но и почитување на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, признавајќи дека дискриминацијата на секое лице врз основа на попреченост е повреда на достоинството  и вредноста на човекот,“ рече Тренчевска.

Таа ја посочи услугата живеење со поддршка која е дел од социјалните услуги во заедницата како вистински исчекор кон почитување на човековите права на лицата со попреченост.

„Со процесот на воспоставување на социјални услуги во заедницата добиваме сите, а најмногу корисниците. Давателите на социјалните услуги, вработените во ЈУ Специјалниот Завод Демир Капија, заедницата, општината, добиваат дополнителна вредност пред се во разновидноста во заедницата, непосредниот контакт со корисникот, неговите потреби и воопшто грижата и негата која се нуди,“ рече Тренчевска.

Таа се заблагодари на сите вклучени страни, вработените во заводот, поддршката на Делегацијата на Европската Унија, на  проектот ТИМОР за посветеноста и истрајноста во овој многу значаен процес и градоначалникот на општина Демир Капија, Лазар Петров како вистински лидер во креирање и имплементирање на локална социјална политика особено за најранливите граѓани.

На корисниците им посака убави моменти во новиот дом, исполнети со радост и задоволство.

Градоначалникот Петров истакна дека Општина Демир Капија е силен поддржувач на процесот на деинституционализација и отворањето на новите станбени единици се синоним за инклузија и заеднички соживот.

Со отворањето на двете нови станбени единици, вкупниот број на отворени единици управувани од страна на ЈУ Специјалниот Завод, Демир Капија, изнесува 12.

Грижата за ранливите категории на граѓани e приоритет на Министерството за труд и социјална политика.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте