spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Изготвени предлог мерки и активности за унапредување на состојбите во старото...

Битола: Изготвени предлог мерки и активности за унапредување на состојбите во старото градско јадро

Градоначалникот на Општина Битола и Претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, заедно со претставници на Општината, Комората и Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети одржаа работен состанок. Состанокот претставува продолжение на активностите во насока на унапредување на регулативата што го регулира градењето во старите градски јадра.

После настанот на тема „Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини“, што се одржа во Офицерскиот дом во Декември 2021, Комората и ИКОМОС Македонија подготвија Извештај за реализација на стручниот настан. Составен дел на Извештајот се предлог марки и активности за унапредување на состојбите во областа, со особен акцент на состојбите во Старото градско јадро на Битола. Истите се конципирани во три целини:

  1. Предлог мерки и активности на краток рок
  2. Предлог мерки и активности на среден рок
  3. Предлог мерки и активности на долг рок

На состанокот беа дискутирани мерките и активностите што ја тангираат Општина Битола и во кои може активно да придонеси за остварување на истите. Од една страна Општина Битола се заложи за максимално имплементирање на истите, додека од друга страна Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како центар на инженерскиот интелектуален капацитет на државата, и ИКОМОС Македонија, како советодавно тело на УНЕСКО, го ставија на располагање целиот свој потенцијал, кон остварување на заедничките цели на трите чинители.

Присутните на состанокот развија дискусија од која се донесоа заклучоци врз основа на кои заеднички ќе дејствуваат во иднина.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...