spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Започнува со реконструкција на дел од улицата „Љубен Весов“

Велес: Започнува со реконструкција на дел од улицата „Љубен Весов“

Општина Велес ги известува граѓаните дека од среда (27.07.2022 година) ќе се започне со реконструкција на дел од улица „Љубен Весов“ – од спој со улица „Архиепископ Михаил“ до спој со улица „Кочо Рацин“.

Со реконструкцијата ќе се опфати делот од улицата поплочен со коцка.

Со цел непречено одвивање на градежните работи се замолуваат граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци согласно Основен сообраќаен проект  за времен режим на сообраќај одобрен од МВР – СВР Велес и да не ги паркираат своите возила на делот од улицата предвиден за реконструкција.

При изведувањето на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид – за ископ, за транспорт, за валирање и за асфалтирање.

Се апелира до граѓаните да покажат трпеливост и разбирање  во времетраењето на градежните работи, во интерес на безбедно и квалитетно извршување на реконструкцијата на улицата.

Се очекува градежните зафати да завршат за три недели.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...