Грција и Бугарија можат да ги оспоруваат симболите на македонските пари

Политички партииЛевицаГрција и Бугарија можат да ги оспоруваат симболите на македонските пари

Најчитано

Непосредно пред потпишувањето на Протоколот за велепредавство, гувернерката Ангеловска-Бежовска оствари средба со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Мојсова-Чепишевска.

По отворањето на изложбата „Вредности и вредности” на Музејот на народната банка, одржан е состанок каде е договорено културното наследство прикажано на македонските банкноти да им биде претставено на странските универзитети каде што се изучува македонистика. Преку ова странските македонисти ќе можат да се запознаат и со најзначајните парични изданија произведувани на територијата на современата македонска држава, кои се дел од најголемата нумизматичка збирка во државата.

Од обврските кои што нашата држава ги презеде со потпишувањето на Преспанскиот договор, произлегоа правно-формални и реални импликации кои се однесуваат на преземање последователни активности за измени на обележјата на македонската национална валута во делот на белезите со кои зборовно се означува името на нашата држава, а со тоа и на нашата институција. Овие измени треба да бидат спроведени постепено, и на сите банкноти и сите ковани пари кои ги издава Народната банка, како за тие кои се тековно во оптек, така и за сите други што во иднина ќе бидат составен дел од монетарниот систем на современата македонска држава.

Според потпишаниот Протокол, во својата работа, комисијата треба да се придржува кон одредбите на чл. 8 т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, односно „…да придонесе за објективно и научно толкување на историските настани, засновано на автентични историски извори кои се базирани на докази“.

На македонските пари се претставени обележја од нашето културно и историско наследство, како што е споменикот Македониум, Мотив од Крушево, Даут- Пашин Амам, Саат-кулата, Свети Пантелејмон од Скопје, Света Софија, Самоилова тврдина, Свети Јован – Канео и Народниот музеј од Охрид, а како специјален заштитен елемент е вклучен и приказот на географската карта на државата, видлива само под ултравиолетово светло. На кованиците е прикажана стилизирана претстава на сонце, додека реверсите вклучуваат карактеристични репрезенти на македонскиот биодиверзитет.

Дали Македонија директно ќе ги замени банкнотите и монетите во евра или повторно на крајно понижувачки начин ќе ги менува банкнотите и кованите пари, и наместо Советот на НБРМ да одлучува за визуелниот изглед на сите банкноти – што ќе се најде на предната и задната страна на македонските пари, тоа ќе го стори Бугарија, според капитулантскиот Протокол, што претставува најголемо велепредавство што некогаш го има доживеано Македонија.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе