spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Паланчанката Бенреждал приреди незаборавен престој во Париз за професорите по...

Крива Паланка: Паланчанката Бенреждал приреди незаборавен престој во Париз за професорите по француски јазик од Северна Македонија

Фондацијата “Бел Идеал” додели наградни патувања во Париз за професори по француски јазик од Република Северна Македонија.

Најуспешните професори по француски јазик од Северна Македонија кои учествуваа на натпреварот во организација на Фондацијата “Бел Идеал” беа на петдневно патување во Париз како награда за нивната досегашна работа во наставата по француски јазик за промоција на франкофонските култури и цивилизации.

Професорите победници од натпреварот: Магдаленка Симовска од Пехчево, Билјана Начовски од Делчево, Ирена Наумовска од Прилеп, Мимоза Цека од Тетово и Елена Лазаревска и Анета Митевска од Скопје во моја придружба, пет дена престојувавме во Француската метропола, Париз благодарение на претседателката на фондацијата, Јадранка Бојковска Бенреждал,инаку, кривопаланчанка по потекло.

Француската метропола е една од најпосакуваните дестинации за сите туристи ширум светот од најмала возраст, а градот на љубовта плени со својата убавина и раскош, како и со француската кујна, примамлива за вистинските гурмани. Ние сите имавме можност да уживаме во убавините на Париз, овозможено од “Бел Идеал”, како награда за заложбите на професорите, но и како начин да се стимулираат останатите професори да организираат активности за промоција на франкофонијата, рече професор Елена Николовска од ООУ “Ј.Крчовски”, Крива Паланка, соработник на фондацијата “Бел Идеал” во Северна Македонија.

Професорите имаа можност за прв пат да уживаат во убавините на Париз, посетувајќи значајни места и активности како симбол на француската култура и традиција.

Натпреварот што ги однесе во Париз се реализираше во две категории: професори кои имаат повеќе од 5 години практично искуство во наставата по француски јазик во Северна Македонија и професори со помалку од пет години работно искуство. Натпреварот се одвиваше во две фази: достава на досиеја со докази за активности спроведени во периодот од 1 јануари 2019 до 30 април 2022 година и финална фаза, интервју на крајот на мај 2022, кадешто претседателката на фондацијата, Бенреждал се сретна со сите финалисти од повеќе градови.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте