spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Уредени 217 метри од коритото на Крива Река, обезбедени финансии...

Крива Паланка: Уредени 217 метри од коритото на Крива Река, обезбедени финансии за нови 200 метри

Градежните активности за изградба на минор-коритото на Крива Река од Осички мост до спортскиот комплекс завршија. Реализирана е третата фаза за уредување на речното корито на овој потег од градот, а дополнително ќе се уредат уште нови двесте метри во претстојниот период.

„Комплетирани се активностите за изградба на нови 217 метри од коритото на Крива Река, трета фаза. Овој проект се реализираше со грант од Светска банка во висина од околу 6,5 милиони денари. Се работи на потегот од Осички мост до спортскиот комплекс, а освен регулација на коритото, изграден е и нов пешачки мост кој ги поврзува двете страни на спортските содржини, ролерско-велосипедската патека и градскиот спортски комплекс со разновидни содржини. Уредувањето на кејот ќе овозможи и партерно уредување на мајор-коритото”, изјави градоначалникот Сашко Митовски.

Во претстојниот период ќе се реализира изградба на четвртиот дел од регулацијата на Крива Река, со финансиски средства во висина од 4.6 милиони денари од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„За наредната фаза за регулација на минор корито-дел 4, во должина од 200 метри, вo тек е јавна набавка, а проектот спаѓа во групата инвестициски проекти и ќе се  инвестираат 4.597.309 денари за доуредување на коритото”, додаде Митовски.

Проектот се финансира со средства од Програмата за управување со води 2022 на министерството ќе се изврши регулација на Крива Река од спортскиот центар кон излезот на градот, на вливот на Бабин Дол во Крива Река, кај пешачко-рекреативната патека кон манастирот.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...