spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови...

МОН: Повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за IV и V одделение во деветгодишно основно образование

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/1530/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

 

                       ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

за  формирање на авторски тимови за  изработка на ракописи за учебници  за IV и одделение во деветгодишно основно образование

 

Авторските тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

 

НАЗИВ НА ПРЕДМЕТОТ

1.

Македонски јазик за учениците од другите заедници за IV одделение во деветгодишно основно образование

2.

Македонски јазик за V одделение во деветгодишно основно образование

3.

Македонски јазик за учениците од другите заедници за V одделение во деветгодишно основно образование

4.

Јазик и култура на Србите (изборен) за V одделение во деветгодишно основно образование

 

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 08.08.2022 година. (пријавата може да се преземе тука).

 

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

–        уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

–        изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте