Струмица: Ќе се изведува нов полски пат од Софилар до Ангелци

ОпштиниСтрумица: Ќе се изведува нов полски пат од Софилар до Ангелци

Најчитано

Градоначалникот Костадин Костадинов од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска го доби договорот за изградба на полски патишта во општина Струмица на настанот којшто се одржа во домот на АРМ во Струмица.

Со овој договор се обезбедени средства за изградба на полски пат од населбата Софилар до селото Ангелци, место викано Кумиште во должина од 1.850 метри.

Според градоначалникот Костадинов, полските патишта се од голема важност за населените места во струмичкиот кој е голем и познат земјоделски регион, бидејќи им овозможуваат на земјоделците полесно и побрзо да стигнат до своите обработливи површини, а секако овозможуваат и подобар транспорт на производството.

Министерот Николовски потенцираше дека во последните 4 години за унапредување на руралниот развој и изградба на земјоделски патишта, биле реализирани 109 проекти во вредност од 92,5 милиони евра, а поддршката за подобрување на животот на граѓаните во овие средини ќе продолжи и понатаму.

Со поддршка од министерството за земјоделство досега во општина Струмица се изведени полски патишта во должина од 6 километри.

Извор: Општина Струмица

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе