spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Честитка на градоначалникот Борче Јовчески по повод празникот Илинден

Прилеп: Честитка на градоначалникот Борче Јовчески по повод празникот Илинден

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески по повод празникот Илинден упати честитка до граѓаните:
Почитувани сограѓани,

На овој голем национален празник, сакам да ви го честитам Денот на Републиката, а воедно и големиот христијански празник Св. Илија.

Илинден не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Носечкиот код на македонската држава, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.

Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја, затоа што сите тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои што опстојува денешната современа Република Македонија.

Пожртвуваноста и храброста на илинденците, а подоцна и на борците од НОБ, претставува наша обврска која не задолжува секогаш, а посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава, да стоиме цврсто на браникот на татковината и да ги чуваме илинденските идеали и заложбите на АСНОМ.

Нека ни е честит Илинден!

За многу години!

Градоначалник на Општина Прилеп

Борче Јовчески

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...