Општина Штип е учесник во Проектот „Спринг“- солидарност и соработка како заеднички вредности“ кој е финансиски поддржан од ЕУ. Целта на проектот е размена на искуства и добри практики за време на кризни состојби. Во проектот се вклучени 7 европски држави: Италија, Франција, Шпанија, Бугарија, Полска, Германија и РС Македонија. До сега се одржани четири конференции во различни држави и на различни теми. Претходната конференција беше во периодот од 17 до 20 мај, 2022 и се одржа во Република Полска.
Во рамки на проектот, во периодот од 19 до 22 јули 2022 година, Општина Штип беше домаќин на претставниците од Италија, Франција, Шпанија, Бугарија, Полска, Германија. Во текот на престојот се реализираа активности согласно претходно изготвен план. На 20 јули во Општинскиот мултимедијален центар Киро Глигоров се одржа Меѓународна Конференцијата на тема „Функционирањето на здравствениот систем на локално и на национално ниво за време на Ковид кризата“.
На почетокот на Конференцијата за проектот зборуваше координаторот од Општина Штип, Никола Илиев, советник од Одделението за Локален Економски Развој, кој ги запозна присутните за целите на проектот.
Свое излагање на конференцијата имаше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој го претстави градот, неговата историја, култура, знаменитости, манифестации, како и економијата и потенцијалите за развој на општината. Тој ги наведе и активностите и мерките кои беа преземени од страна на локалната самоуправа за време на пандемијата за заштита на граѓаните.
Покрај градоначалникот, свои излагања имаа и претставници од здравствениот сектор и тоа: примариус д-р Дијана Шишкова, специјалист, инфектолог и раководител на Инфективното Одделение при Клиничка Болница Штип; д-р Деан Манов, раководител на Одделението за итна медицинска помош, при ЈЗУ Здравствен Дом „Панче Караѓозов“ од Штип; епидемиолог, д-р Светлана Живкова од Меѓуопштинскиот Центар за јавно здравје – Штип; Александар Веселинов, студент на шеста година на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Вања Џамбазова-Николовска, советник во Локална Самоуправа Штип која го презентираше Извештајот за мерките и активностите кои се спроведуваа на национално ниво за време на Ковид – кризата.
Меѓу гостите од шесте држави беа присутни:
- Игнацио Стефано Занета, заменик градоначалник и потпретседател на ANCI Националаната Асоцијација на Градови – Пидмонт
- Барбара Роза Росаспина, раководител на општинските служби и проект менаџер;
- Џулија Зињоне, општински службеник за европски и меѓународни проекти Арабела Марија Тереза Фонтана, медицински директор П.О. Borgomanero ASL “NO” Novara, одговорна за трансфузија на регионот Пиемонт и проект менаџер на Територијален оперативен центар во регионот Пиемонт.
Од Италија ни дојде и делегацијата на Претставниците од Националаната Асоцијација на Градови ( АНЦИ ) од Пидмонте се состои од:
- Елена Сиарло – Управувач со проекти на ЕУ
- Џовани Мармина – новинар, раководител на Канцеларијата за печат
- Матео Де Костанци проект – менаџер на ЕУ
Германија – од Општина Бад Мергентеим:
- Удо Глатхаат – Градоначалник
- Еберхарт Волмер – претставник од општината
- Џузепе Тарантини – претставник од општината
Шпанија – Општина Куарт Де Поблет:
- Дана Мајани Дадуб – менаџер за проекти на ЕУ
- Лусија Фернандез Севиља – советник за јавно здравје
Полска – Општина Жембица
- Јиржи Копровски – советник во градскиот совет на општината
- Малгоржата Копровска – член на делегацијата,
Бугарија – Општина Аксаково:
- Надка Костова Симеонова секретар на општината,
- Христо Атанасов – советник
- Валентина Иванова Донева Атанасова – експерт психолог
Франција – Општина Дине Ле Биан:
- Франсис Кун – заменик градоначалник на општината
По одржувањето на конференцијата, гостите ја посетија и Модуларната болница, каде што директорот, д-р Ален Ѓоргиев ја претстави работата на болницата за време на пандемијата.
Покрај конференцијата, гостите имаа можност да го посетат Лесновскиот манастир и да се запознаат со неговата историја и културолошките, геолошките и етнолошките карактеристики на овој крај.
Во текот на посетата се одржа и работен состанок на кој беа испланирани активностите на идната Конференција која ќе се одржи во Франција.
Извор: Општина Штип