spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Градежни активности на улицата Балинци

Валандово: Градежни активности на улицата Балинци

Започна изградбата на нова улица во Балинци која ги поврзува централниот дел од населеното место со Горна мала и решава уште еден суштински проблем на граѓаните.

Улица е со должина од 700 метри, ширина од 4 метри и има предвидено решение за атмосферските води.

Претходниот период, овде реализиравме:
? канализационен систем,
? ново ЛЕД осветлување и
? корпи за отпадоци и контејнери, со што беа вклучени во организираниот систем за собирање отпад во општината.

Со изградбата на оваа улица, како и со реализацијата на останатите проекти значајно се подобруваат условите за живот во ова населено место, се отстрануваат неправдите од минатото и рамномерно се распределуваат јавните средства.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...