spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Јавен повик за поставување на штандови на претходно утврдени локации

Крива Паланка: Јавен повик за поставување на штандови на претходно утврдени локации

По повод престојните празници во месец Август 2022 година и планираните настани на градскиот плоштад во центарот на градот, одржување на фолклорен фестивал и Joyfest, Општина Крива Паланка ги известува сите правни субјекти кои се заинтересирани за поставување на штандови на претходно утврдени локации од страна на Општина Крива Паланка во центарот на градот (Градски Плоштад), согласно програмата за поиставување на урбана опрема за 2022 година, за периодот од 27.08.2022 година и 28.08.2022 година, можат да поднесат Барање до општината за одобрување на некоја од дефинираните локации во период од 5 дена, сметано од денот на објавување на Јавниот повик.

Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат:
1. Барање до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина при Општина Крива Паланка,
2. платена административна такса за поднесување на барањето,
3. тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци,
4. извод од регистарот на Агенцијата за храна на објекти и оператори со храна од неживотинско потекло и
5. дополнително платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект.

Корисниците на продажните штандови за храна, потребно да го имаат во предвид Законот за безбедност на храната и да постапуваат согласно на истиот.

Повикот важи исклучиво за фирми со најмалку една година регистрирана угостителска дејност, а одредувањето на локацијата ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...