HomeОпштиниВелес: Трето авионско тертирање против комарци

Велес: Трето авионско тертирање против комарци

spot_img
spot_img

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 05 август (петок) 2022 година во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 06 август (сабота) 2022 година.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Третманот се врши со средство KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител  KULSAN ILАС, од Турција. одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на Решение 19-359/2 од 30.04.2018 година.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Извор: Општина Велес

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија