spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Во Пелинце се одбележа државниот празник Ден на Републиката – Илинден

Куманово: Во Пелинце се одбележа државниот празник Ден на Републиката – Илинден

Вчера во Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце беше одбележан големиот државен празник 2 август, Денот на Републиката –Илинден.

На свеченото одбележување, пред споменикот на АСНОМ свежо цвеќе положи делегација на Градоначалник и Советот на Општина Куманово, предводена од Градоначалникот Максим Димитриевски заедно со Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, претставник од Советот на Општината и претставници од кабинет на градоначалникот.

Со пригоден говор се обрати Талат Џафери, Претседател на Собранието, а настанот беше проследен со богата културно-уметничка програма.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте