spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Димитриевски оствари работна средба со градоначалникот на Општина Гњилане

Куманово: Димитриевски оствари работна средба со градоначалникот на Општина Гњилане

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски вчера оствари работна средба со градоначалникот на Општина Гњилане Албан Хусени и претставници од кабинетот.

Од страна на Општина Куманово присуствуваа: претседателката на Совет на Општината Ѓорѓиевска, директорот на ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово Стојчевски, раководител на Одделение за локален економски развој Петровска и претставник од кабинетот на градоначалникот Аќифи.

На средбата се разговараше за идна соработка во повеќе општествени области, како и можноста за партнерско аплицирање на проекти во рамки на претстојната Програма за прекугранична соработка. Како збратимени градови, Куманово и Гњилане досега реализираа повеќе проектни активности, меѓу кои и три проекти на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и РСМ.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...