На Меѓународен натпревар по хемија ICHО-2022, кој се одржа во Кина, ученичката Ања Спасовска од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово освои бронзен медал.
На овој натпревар учествуваа 330 ученици од 83 држави во светот.
По тој повод вчера претседателката на Совет на Општина Куманово и секретарот на Општината остварија средба со наградената ученичка, менторот Лидија Тасевска-Стојковиќ и директорот на ова училиште Марија Тодоровска.
Извор: Општина Куманово