spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Извршена е трета аеросолна дезинсекција

Велес: Извршена е трета аеросолна дезинсекција

Почитувани граѓани,

Ве информираме дека во раните утрински часови, извршена е трета аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари.

Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, согласно програмата за здравствена заштита за 2022 година.

Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од возрасни комарци на територијата на Општина Велес е извршена со средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производителот  KULSAN ILАС, од Турција и содржи 5% активна материја Cyfluthrinn, кој спаѓа во групата на пиретроиди. Истото е одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-359/2 од 30.04.2018 година.

KULFAK 50 ЕС е биоцид наменет за сузбивање на адултните форми комарци во населени места и јавни површини, крајбрежје на реки, езера и бари. Може да се применува од воздух или од земја во количина од 50 мл/ха.

Cyfluthrin-от спаѓа во групата па синтетските пиретроиди кои се постабилни од природниот пиретроин и имаат подобрено дејство, како што е истерување на инсектите од скривалиштата и побрзо упиштување. Средството е избрано поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...