spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструирана пешачката патека на булеварот Гоце Делчев

Град Скопје: Реконструирана пешачката патека на булеварот Гоце Делчев

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираа пешачката и велопатека по должината на булеварот Гоце Делчев, на потегот од Стоковната куќа „Мост“ до триаголникот кај мостот „Гоце Делчев“, од страната на катната гаража.

Пешачката и велопатека се реконструираше по налог на Град Скопје и е асфалтирана на вкупна површина од 1.800 квадратни метри, во која што површина се вклучени и два пешачки острови.

Во текот на градежните работи на овој потег беа отстранети оштетените бекатон плочки и раскршениот асфалт, беше поставен тампонски слој и рабници, беше реконструирана и нивелирана една шахта и беше нанесена нова асфалтна маса.

Во наредниот период ќе се работи на обнова на пешачката и велосипедска патека по должината на булеварот Гоце Делчев и од страната на Кале.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Илинден: Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ на прием кај градоначалникот ...

0
Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа. Градоначалникот Александар  Георгиевски...