spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: “Еуроп Ред” со донација за ООУ “Јоаким Крчовски” пристигна во...

Крива Паланка: “Еуроп Ред” со донација за ООУ “Јоаким Крчовски” пристигна во Крива Паланка

Француските авантуристи од “Еуроп Ред” со караван од околу триста возила пристигнаа во Крива Паланка, единствениот град во кој се задржуваат во нашата држава на своето 22- дневно патување низ Европа.

Во организација на Општина Крива Паланка и основното општинско училиште “Јоаким Крчовски” француските граѓани беа угостени и дочекани со пригодна програма во училишниот двор, во знак на благодарност за донацијата што ја оставија, близу 3.000 килограми училишни материјали, спортска опрема, канцелариски материјали и друго.

На настанот присуствуваа: Емануел Гардиј, вршител на должност во Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, делегација од Општина Крива Паланка, градоначалникот Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, директорот на ООУ” Јоаким Крчовски”,  Дане Петровски како и Бенжамин Леден и Жереми Бланден, претседатели и организатори на „Еуроп Ред“.

„Ја поздравувам идејата и вашата мисија да патувате низ Европа со хумана и благородна цел, радувајќи ги младите франкофони во духот на меѓународната солидарност, донирајќи училишна и спортска опрема. Радува фактот што по вторпат сте гости на нашиот град, како единствена дестинација во нашата држава и што токму основното училиште „Јоаким Крчовски“ ја има можноста да добие донација. Сето тоа е благодарение на достигнувањата кои ги имаат учениците по француски јазик од ова училште, со заложбите на професорката Елена Николовска, и во оваа прилика сакам да им честитам, охрабрувајќи ги да продолжат со изучувањето на францускиот јазик, кој по англискиот со 77 отсто, е втор најизучуван јазик кај децата во Европската Унија, со дури 32 отсто застапеност. Посакувам пријатен престој во нашиот град, општината заедно со останатите институции од градот овозможи услови и подготвивме добра атмосфера за да се чувствувате пријатно и да уживате во убавините на нашиот град”, им порача во обраќањето градоначалникот Митовски.

Рече, како народ сме гостопримливи и се надева со тоа искуство што ќе го понесат оттука во Франција ќе ги поттикнат нивните блиски и пријатели да бидат гости на Крива Паланка во иднина.

Професорката по француски јазик од ООУ “Јоаким Крчовски”, Елена Николовска, чиишто заложби и достигнувања во областа на франкофонијата се иницијална точка за оваа посета и соработка им се заблагодари на гостите за донацијата и мотивацијата на учениците да продолжат со изучување на францускиот јазик.

„Донесовме донација од околу 3000 килограми училишни материјали, собрани од францускиот народ, во маркетите и училишта.Задоволство е повторно да сме тука, ни помогнаа, општината и училиштето.Благодарност до општината и амбасадата, среќни сме да може да донираме но и да сме ваши гости и да уживаме”, порача Бенжамин Леден, еден од организаторите на “Еуроп Ред”.

Вечерва на градскиот стадион е организирана пригодна програма,забава со Ди-Џеј, а гостите ќе се стационираат и ќе кампуваат на оваа локација,пред утрешниот пат кон соседна Бугарија.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...