spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Благодарност до градоначалникот и Совет на Општина Куманово од Мото клуб...

Куманово: Благодарност до градоначалникот и Совет на Општина Куманово од Мото клуб “Мечки”-Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со претставници на Спортското здружение на мотоциклисти Мото клуб “Мечки”-Куманово, по повод одржаниот Мото фестивал “Беарс Мото Рок Фест”.

Овој целодневен културен настан беше организиран од страна на “Мечки”-Куманово, а поддржан од Општина Куманово.

На средбата беа доделени благодарници на градоначалникот Димитриевски и на Советот на Општина Куманово за несебичната поддршка во одржување на целиот настан. И оваа година присутните на фестивалот беа сведоци на квалитетна музичка програма.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...