spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Телефонски разговор Османи – Милков

МНР: Телефонски разговор Османи – Милков

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со новиот министер за надворешни работи на Република Бугарија, Николај Милков. Упатувајќи честитки за новата функција, Османи изрази подготвеност за континуитет во рамките на продлабочената соработка, со цел зацврстување на пријателството меѓу двете земји.

Соговорниците ги реафирмираа заложбите во претстојниот период да продолжи развојот на соработката во сите области во кои постои взаемен интерес, согласно Договорот за пријателство од 2017 година, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија.

 

За време на разговорот стана збор и за европските интеграции на Северна Македонија. Притоа беше поздравен почетокот на преговорите со ЕУ и беше нагласена европска перспектива за земјава, како взаемен интерес не само на двете земји, туку и на целиот регион, и на самата Унија.

Соговорниците разменија мислења и за партнерството во НАТО Алијансата, со посебен фокус на кризата предизвикана од руската агресија врз Украина, потоа за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ како и други актуелни прашања во доменот на надворешната политика.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...